Бразилскиот селектор Тите се повредил додека го прославувал првиот гол на својот тим против Костарика. Во моментот кога Кутињо во 91.минута го совлада Кејлор Навас, селекторот влетал не теренот, паднал и се повредил.
„Малку го истегнав мускулот, ги скинав влакната. Сакав да прославам со играчите, но морав многу внимателно да се вратам на клупата“, рекол Тите.
За повредата на селекторот „вина“ има и резервниот голман Едерсон, кој без намера го турнал додека трчал зад него.
Бразли ја победи Костарика со 2:0, со головите на Кутињо и Нејмар, постигнати длабоко во судиското надополнување на времето и ја оствари првата победа на светското првенство.
Тите е вториот селектор што се повредил на овој мундијал, пред три дена Англичанецот Герет Саутгејт, славејќи го голот на Хари Кејн, исто така во 90.минута, го повредил рамото.