Top Sport

Тите: За Бразил Нејмар е клучен, но не и незаменлив

Нејмар е „клучен“ член на бразилската репрезентација, но не е незаменлив, предупреди селекторот Тите. Со своите 28 години, Нејмар има импресивни 101 мечеви за „Селесао“ и е на третото место на вечната листа со 61 гол, зад Пеле и Роналдо.

Тој има играно на две Светски првенства со Бразил – до полуфиналето во 2014 и до четврт-финалето во 2018, но има само еден трофеј, Купот на Конфедерации во 2013 година, откако лани пропушти да се закити со Копа Америка поради повреда. Тој требаше да се врати во тимот за Копа Америка 2020, но турнирот е одложен за следната година.

„Нејмар носи непредвидливост во вашата игра, бидејќи нуди индивидуално или колективно решение кое другите го немаат. Со него, потенцијалот е поголем, а секако зборувам за Нејмар при максимална ментална и физичка подготвеност. Но, како и секој друг, тој не е незаменлив“, вели Тите во интервју за „Франс фудбал“.

Scroll to Top