Top Sport

Тоа е голман! Легендарна двојна одбрана на Египќанецот Гад (видео)

Египетскиот голман Махмуд Гад стана хит на Интернет по неговата фантастична двојна одбрана за својот клуб Енпи.

22-годишниот Гад беше излезен надвор од шестнаесетникот за да направи спектакуларна одбрана со главата, но топката отиде кај противничкиот фудбалер, кој од огромна далечина ја упати кон голот. Голманот не ги загуби нервите, туку истрча до голот и некако успеа да направи уште една одбрана, уште поспектакуларна од првата.

Секако, достојно за споредба со колумбиската легенда Рене Игуита.

Scroll to Top