Top Sport

Тодибо пред трансфер во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед се пред договор со Ница за трансферот на централниот бек Жан-Клер Тодибо, тврди францускиот „Л’Екип“, откако не се договорија со Баерн Минхен за трансфер на Бенжамин Павар.

Ерик Тен Хаг сака да ги зголеми своите опции во обраната по неубедливиот старт на новата сезона, а и покрај тоа што не успеа да го продаде Хери Мегваер на Вест хем, смета дека му е потребен и уште еден дефанзивец.

Тодибо, кој претходно играше и во Барселона, каде што не ги оствари големите очекувања, во Ница се „препороди“ и клубот бара најмалку 35 милиони евра за неговиот трансфер.

Scroll to Top