Спортскиот директор на Мајнц, Кристијан Хајдел, човекот кој им ги даде првите тренерски работи на Јирген Клоп и Томас Тухел, вели дека одлуката на новиот американски газда на Челси, Тод Бели да му врачи отказ на Тухел по поразот од Динамо Загреб во ЛШ не е спортска одлука, туку нешто што доаѓа од човек кој нема поим за фудбалот.
„Со Томас, навистина не го очекував тоа. Отказот е совршен пример за тие кои се против таквите инвеститори во фудбалот. Тоа беше чиста инвеститорска одлука. Некој кој нема поим за фудбалот најверојатно мислел дека шестото место едноставно не е добро и решил да се обиде со нов тренер. По само шест меча, не гледам друга причина. Челси ќе зажали за оваа одлука, бидејќи нема шанси да најдат толку добар тренер бргу“, вели Хајдел за „Билд“.
Челси веќе го именуваа поранешниот менаџер на Брајтон, Греем Потер како главен тренер, давајќи му петгодишен договор.