Top Sport

Толку од љубовта помеѓу Салах и Ливерпул

Мохамед Салах, против Челси (0:1), беше еден од најлошите играчи на Ливерпул. Јирген Клоп го извади од теренот по еден час игра. За медиумите во Англија ова е сигурен знак дека Салах, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Салах не ја прифати добро одлуката на менаџерот, кој по мечот изјави дека морал да реагира бидејќи најдобриот стрелец делувал исцрпено.

Неколку минити по измената, менаџерот на Салах, на Твитер, со една точка, испрати порака. Медиумите веруваат дека пораката е за луѓето од Ливерпул, на кои им порачува дека неговиот клиент заминува од клубот.

Изминатите месеци, медиумите го поврзуваат Салах со Реал и Барселона, а со бирани зборови, пред неколку недели за Египѓанецот зборуваше првиот човек на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Scroll to Top