Top Sport

Томане ќе ја засили Црвена ѕвезда

Антонио Мануел Фернадеш Мендеш познат како Томане наскоро ќе стане играч на Црвена ѕвезда, објави водечкиот спортски медиум во Португалија „А Бола“. Според истиот извор челниците на српскиот шампион со клубот на фудбалерот само треба да се договорат околу обесштетувањето.

Томане е играч од редот за врска, има 26 години, а минатата сезона ја мина во редовите на Тондел. Оваа екипа успеа да избори опстанок во португалското првенство.

„А Бола“ тврди дека трансферот ќе изнесува 800.000 евра.

Минатата сезона Томане одиграл 31 натпревар и постигнал 12 гола. Овој фудбалер ги минал сите репрезентативни селекции на Португалија, единствено нема настап за „А“ селекцијата.

Томане во кариерата бил играч на Виторија Гимараеш, Лимианос, Дуисбург, Панетоликос и Арука.

Scroll to Top