Top Sport

Томас Тухел ќе добие нов договор

Пари Сен Жермен ќе му понудат нов договор на тренерот Томас Тухел, иако тој со тимот испадна во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Германецот, во наредните денови, ќе го продолжи договорот за уште една година, односно ќе се обврзе да остане во париз до 2021 година.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Калифи, смета дека Тухел е долгорочно решение за клупата на овој тим.

Мислењето тој не го сменил ниту по сензационалната елиминација на ПСЖ во Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед. ПСЖ во реваншот на домашен терен беа поразени со 3:1.

Scroll to Top