Top Sport

Томаш Росицки ја заврши кариерата

Легендарниот чешки фудбалер Томаш Росицки (37) реши да стави крај на својата професионална кариера.

Одлуката дека става крај на кариерата, Росицки, ја соопштил утрово на прес конференција.

Кариерата на еден од најталентирани играчи на својата генерација ја обележаа бројните повреди. Тој нема сезона во карииерата во која не паузирал најмалку еден месец поради повреда.

Кариерата ја започнал во Спарта Прага, каде се врати ова лето, но во есенскиот дел од сезоната одигра вкупно 600 минути.

По Спарта три години мина во Борусија Дортмунд, а потоа десет во Арсенал.

За репрезентацијата на Чешка одиграл 105 натпревари на кои постигнал 23 гола.

Scroll to Top