Top Sport

Томаш Соучек е „чеканот на неделата“, со крвава глава одигра 90 минути

Чешкиот ас на Вест хем, Томаш Соучек, уште еднаш ги воодушеви англиските фудбалски фанови, откако доби исеченица на главата по судирот со глави во дербито против Тотенхем, но продолжи да игра така крвав.

При 1:0 водство во првото полувреме, Соучек се судри со главите со Давинсон Санчез и иако му течеше крв од главата, тој стана и се обиде да го сопре ударот на Хери Кејн.

По ова Соучек доби петминитен третман од лекарите на „чеканите“, но се врати на терен и го одигра целиот меч, кој Вест хем го доби со 2:1 за да се искачи на четвртото место на табелата. 25-годишниот Соучек стана миленик на публиката откако постигна 8 гола во 24 меча оваа сезона, а претходно изјави дека му е тешко да игра за време на божиќните празници, бидејќи дома во Чешка беше навикнат да јаде салати дома.

Соучек не е навикнат да игра на празници: Обично јадам многу салата со компири

Scroll to Top