По жестоките критики дека не работи добро Карло Телвекио (74) во ноември поднесе оставка на претседтелската функција во Фудбалскиот сојуз на Италија. Заедно со телвекио замина и селекторот Џампјеро Вентура откако не успеа да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Русија.
Јавноста на Апенинскиот полуостров е согласна дека на италијанскиот фудбал му се потребни радикални промени. Поради тоа Дамјано Томаси (43) ја најави својата кандидатура за прв човек на италијанскиот фудбал.
„Клучно прашање е што треба да се направи и кој е доволно способен да ја прифати работата. Многу влијателни луѓе сметаат дека на чело на Сојузот треба да застане човек кој бил фудбалер. Последните години не ја практикувавме споменатата метода, бидејќи луѓето не сакаат да ја разберат важноста на на таа практика“, рекол Томаси, која во моментов е прв човек на Здружението на професионалните фудбалери.
Томаси потенцирал дека е подготвен да започне со потребните реформи за спас на италијанскиот фудбал.
Дамјано Томаси е поранешен италијански репрезентативец, кој една деценија играше за Рома, со која ја освои Серија А во 2001 година.