Дамјано Томази, поранешниот играч на Рома, а сега претседател на синдикатот на италијански фудбалери вели дека претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Карло Тавекио нема да си поднесе оставка бидејќи нема „расположение“ за промени.
Покрај селекторот Џанпјеро Вентура, италијанските медиуми за неуспехот за пласман на СП во Русија најголем виновник гледаат во Тавекио, но Томази по краткиот состанок вели дека нема да се случи такво нешто.
„Тавекио реши да остане на својата позиција. Другите уште немаат заземено позиција и сакаат да почекаат. Нема расположение за промени во италијанскиот фудбал. Потребни ни се избори во кои ќе веруваме, со нови луѓе, и проблемот нема да се реши само со отпуштање на селекторот. Ќе продолжиме да ја мешаме истата супа која досега се покажа дека не е за јадење. Карло Анчелоти? Не знам, не слушнав ништо за тоа. Кога немаше оставка си заминав“, изјави Томази.