Top Sport

Томори: Како да му кажеш не на најголемиот на сите времиња, Паоло Малдини?

Фикајо Томори вели дека чувствувал дека мора да се приклучи на Милан кога добил понуда од „најдобриот“ Паоло Малдини.

Малдини, кој сега е технички директор на клубот каде што ја помина целата кариера, е одговорен за трансферите на „росонерите“ и лично се јавил да ја договори позајмицата на 23-годишниот Англичанец до крајот на сезоната со опција да го купат за 30 милиони евра.

„Избрав да дојдам во Милан бидејќи се работи за клуб со голема историја, со големи играчи и во добра форма. Тоа беше шанса која не можев да ја пропуштам и голема чест е што сум тука. Кога првпат ми се јавија бев зачуден! Зборував со Паоло Малдини. Најдобриот дефанзивец кој играл фудбал некогаш ме бара да дојдам, така што не знам како можев да кажам не. Тука сум за да играм и да учам од него. Кога бев млад и играв како напаѓач и во средниот ред, го обожував Кака и Кларенс Сидорф. Сега го носам истиот дрес“, вели Томори.

Scroll to Top