Младиот дефанзивец на челси Фикајо Томори е еден од играчи кои ги обележаа последните минути од преодниот рок во Премиер лигата.
Челси сакаше да го испрати на позајмица во Вест Хем бидејќи од менаџерот Френк Лампард нема да добива многу минути оваа сезона.
Сепак Томори не бил воодушевен од намерата на клубот да го испрати во другиот крај на Лондон. Според „Скај Спорт“ тој 10 минути пред крајот на преодниот рок го одбил Вест Хем.
На овој начин Вест Хем останаа без планираното засилување, а Томори го навлече гневот на клупските челници и менаџерот. Сигурно е дека овој потег нема да му го поправи статусот во клубот.