Италијанските медиуми очекуваат Сандро Тонали следната недела да го комплетира трансферот во Милан, откако градските ривали Интер се повлекле од преговорите, а понудата од Манчестер јунајтед дошла предоцна.
До оваа недела се веруваше дека Интер се пред договор со Бреша за позајмица со опција за купување вредна 35 милиони евра, но по преговорите со Антонио Конте кои ги имаа во клубот, тие се откажаа од трансферот на 20-годишниот талент, кого многумина го споредуваат со Андреа Пирло.
Се верува дека клучен човек во трансферот е директорот на Милан, Паоло Малдини, кој директно разговарал со Тонали, неговото семејство и претседателот на Бреша, Масимо Челино, а помогнало и тоа што Тонали е навивач на „росонерите“. Повеќе италијански извори сметаат дека се работи за позајмица од 10 милиони евра, со опција за купување за дополнителни 25 милиони евра.