Top Sport

Тони Крос не му заборави на Мејсон Маунт

Една година по нивната прва „закачка“, ветеранот на Реал Мадрид, Тони Крос уште не му заборавил на ѕвездата на Челси, Мејсон Маунт за неговите зборови, како што покажува видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Челси лани го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампиони, по што Маунт го прозва Крос, кој пред мечот изјави дека нема да губи сон поради своите противници. Маунт тогаш кажа дека треба да губи сон поради Челси.

Сега, по драматичната елиминација на Челси на „Бернабеу“ токму од Реал во четврт-финалето на ЛШ, Крос очигледно решил да го потсети Маунт на зборовите.

Модриќ му покажа на Маунт што е „класа“ по неговите „боцки“ кон Крос

 

Scroll to Top