Top Sport

Топ 10 навреди на Жозе Мурињо!

Жозе Мурињо повторно влезе во вербален напад на тренерот на Челси, Антонио Конте провоцирајќи го дека тој „барем“ не бил суспендиран за местење мечеви.

Португалскиот тренер на Манчестер јунајтед, никогаш не ги штедел зборовите, и порталот Гол (goal.com) ги собра неговите 10 најдобри навреди досега.


1.За Арсен Венгер: Специјалист во неуспех

„Арсен Венгер е специјалист за неуспех. Да го правев јас тоа во Челси, осум години, не би се вратил во фудбалот“.

Конфликтот со тренерот на Арсенал, Венгер е еден од најпознатите во кариерата на Мурињо, а овојпат беше испровоциран во февруари 2014, кога Арсенал немаше титула долго време, а Венгер посочи дека ривалите ги намалуваат неговите шанси поради „страв од неуспех“.

„Мислам дека тој е воајер. Сака да ги гледа другите луѓе. Има некои луѓе кои се дома имаат голем телескоп и гледаат што се случува кај соседите. Тој само зборува, зборува, зборува за Челси“, додаде Мурињо.

2.За Клаудио Раниери: Научи го јазикот

„Раниери? Милам дека е во право кога вели дека јас барам многу од самиот себеси и морам да победам за да бидам сигурен. Затоа имам толку трофеи. Раниери има менталитет на некој кому не му се потребни победи. Има речиси 70 години. Освои Суперкуп и други мали трофеи и стар е да го менува менталитетот. Јас учев италијански јазик пет часа дневно неколку месеци за да осигурам да можам да зборувам со играчите, медиумтие и фановите. Раниери беше во Англија пет години и уште не знае да каже ‘добро утро’ и ‘добар ден’“.

56-годишниот тогашен тренер на Јувентус, Раниери во 2008 кажа: “Јас не сум како Мурињо, сигурен сум и без трофеи“.

3.За Рафа Бенитез: Прашајте ги навивачите на Интер

„Мислев дека ќе ми заблагодари за титулата која му ја подарив. Запрашајте ги сите навивачи на Интер што мислат за него и за мене“.

Ова беше коментар кој Мурињо го даде за неговиот наследник на клупата на Интер, Бенитез кога тој го освои трофејот од Светското клупско првенство во 2010. Тој имаше коментар и за сопругата на Бенитез.

„Единствен клуб каде што нејзиниот сопруг ме замени беше Интер, каде што за шест месеци го уништи најдобриот клуб во Европа. Жената треба да си најде друга работа, на пример да внимава на диетата на сопругот“.

4.За Пеп Гвардиола: Еден ден ќе освои чиста титула

„Гвардиола е фантастичен тренер, но јас имам две титули од ЛШ, а тој има само една и таква титула би ме засрамила. По скандалот на ‘Стемфорд Бриџ’ тој ја освои титулата со скандал на ‘Бернабеу’. Се надевам дека еден ден ќе има чиста титула од Лигата на шампиони без скандал“.

Барселона го освои вториот трофеј од ЛШ во 2011. Долгото ривалство сега продолжува во Манчестер.

5.За Кристијано Роналдо: Не, тој, вистинскиот Роналдо

„Првпат бев менаџер во 2000, но претходно бев помошник во големите клубови со големите менаџери и со најдобрите фудбалери на светот, така што на 30 години бев тренер на Роналдо. Не овој Роналдо, вистинскиот Роналдо, бразилскиот Роналдо“.

По коментарот за Меси, Мурињо се „наврте“ и кон ѕвездата на Реал пред Клупското првенство во 2013 година.

6.За Лионел Меси: Како се кажува мамење на каталонски?

„Како се кажува мамење на каталонски? Дали Меси може да биде казнет за симулирање? Барселона е културен град со многу театри и ова момче добро научило. Вистински актер за на сцена“.

Мурињо беше лут на Меси откако Асиер дел Хорно доби црвен картон во меч од ЛШ во 2006. Меси, тогаш, само 18-годишник кратко одговори: „Не одам по театри“.

7.За Дидие Дрогба: Тој само симулира

„Веќе не сум тренер на Челси, така што не морам да ги бранам играчите, но мислам дека е коректно да кажам дека Дрогба е симулант. Дрогба, Роналдо, Торес и Ван Перси се тие кои симулираат. Кој глуми повеќе? Кој успеа да извлече повеќе пенали?“.

И покрај тоа што тој го донесе Дрогба во Челси и го направи легенда, Мурињо беше искрен кога замина од западен Лондон.

8.За Пјетро ло Монако: Знам за Монако, но не за овој човек

„За Пјетро ло Монако, навистина не знам кој е тој. Сум го слушнал името Монако, но за Баерн Монако (Минхен на италијански), за Монако ГП, за тибетански Монако (свештеници) и за кнежевството Монако. Толку“.

Овој коментар дојде откако претседателот на Катанија, Пјетро ло Монако во 2008 изјави дека би сакал да го „удри Мурињо по уста“.

9.За Антонио Конте: Некој не нора да се однесува како кловн

„Повеќе сакам да се однесувам вака. Позрело, подобро за мојот тим, подобро за мене. Не мислам дека треба да се однесуваш како лудак на клупата за да покажеш страст. Таа страст се гледа секој ден, а не пред камерите“.

Ова беше коментарот кој ја започна „војната“ со Антонио Конте.

10.За Њукасл јунајтед: Можевте да ставите крава на теренот

„Можете да ставите крава на средината на теренот и тогаш да го сопрете натпреварот. Не можете да правите што сакате во фудбалот. Морате да се браните со 10 луѓе, да ги поставите на гол-линијата, да го паркирате автобусот, но на фудбалот му е потребна топка“.

Мурињо не беше импресиониран од тактиката на Њукасл откако Челси пристигна непоразен на „Сент Џејмс парк“ во декември 2014, кога загубија со 2:1.

Scroll to Top