Top Sport

Топката со која ќе се игра на СП е вистинско чудо

Натпреварите на Светското првенство во Русија ќе се играат со топката на Адидас наречена „Телстар 18“.

Овој модел е наследник на топката „Телстар“ со која се играа натпреварите на Светсктоо првенство во мексико во 1970 година.

„Телстар 18“ има вграден НФЦ чип кој испраќа информации на телефонот на корисникот, што преставува иновативен и технолошки шок во однос на сите претходни модели на топки со кои се играле натпревари на Мундијалите.

Топката имале можност да ја тестираат ѕвездите на светскиот фудбал меѓу кои и Лионел Меси, Матс Хумелс, Алваро Мората…

Во официјалните продавници топката ќе се продава по цена од 113 евра.

Scroll to Top