Top Sport

Торцида дивееше во Србија на пат до Софија

Србија е на „нозе“ по вестите дека навивачката група на Хајдук, Торцида правела проблеми на поминувањето низ оваа земја на пат до Софија, каде што вечерва играат во квалификациски дуел од Лигата Европа против Славија Софија.

Според српскиот „Курир“, колоната од 30 автомобили и комбија застанала на бензинска пумпа кај Врчин, каде што 200-те навивачи направиле неред и оставиле графити со името на Торцида и со усташкиот симбол „У“. Српската полиција демантираше дека имало демолирање.

„Немаше кршење. Во полицијата е пријавено дека навивачи со ознаки на Хајдук од Хрватска влегле на бензинската, земале голема количина на пијалоци и си заминеле без да платат. Меѓутоа, немало кршење и нарушување на редот и мирот“, велат од полицијата на Србија.

Од нафтната компанија „МОЛ“, во чија сопственост е бензинската пумпа, излегоа со соопштение.

„Треба да се напомене дека вработените се однесуваа професионално и според внатрешните упатства за вакви ситуации, поради што не дојде до поголеми инциденти“, се вели во соопштението на „МОЛ“.

Scroll to Top