Top Sport

Торцида го нападнала Камерунецот Охандза

Навивачите на Хајдук уште не им простиле на своите миленици за поразот од 2:3 од Рудеш по водство од 2:0, продолжувајќи со вербалното и физичкото малтретирање на фудбалерите на сплитскиот тим.

Полицијата во Сплит потврди дека во вторникот во 21.15 часот пред влезот на зградата каде што живее 26-годишниот камерунски напаѓач на Хајдук, Френк Охандза се собрале повеќе луѓе кои го довикувале фудбалерот. Откако тој ги спуштил ролетните, тие почнале да фрлаат предмети кон неговиот балкон. Покрај тоа, Торцида се обидела да влезе во неговиот стан, го навредувале вербално и го оштетиле неговиот автомобил.

Според хрватските медиуми, Охандза не е единствениот кој има проблеми. Дел од играчите на клубот, како Шехиќ, Савас и Кожуљ исто така добивале закани, но решиле инцидентите да не ги пријават на полицијата.

Колку е сериозна опасноста кон играчите, најдобро зборува фактот што во четвртокот, Хајдук го играше пријателскиот меч со четвртолигашот Јадран од Тучепи за одбележување на 50-годишнината на клубот, а на краткиот пат ги придружуваа две полициски возила и десет припадници на полицијата за брзи интервенции.

Страв и терор во Сплит – навивачите контра Хајдук

Scroll to Top