Хајдук во последниот меч пред зимската пауза го „растури“ Интер Запрешиќ со 5:0, но и покрај големиот триумф немаше заедничко славје со „Торцида“, која беше налутена на низата лоши резултати.
По натпреварот тие веднаш објавија транспарент на кој пишуваше: „Среќни празници на -12“, алудирајќи на 12-те поени разлика кои ги имаат зад водечкиот Динамо Загреб.
Ова не беше единствен гест против својот клуб на Торцида – во 15. минута ги навредуваа играчите со повици „Играјте, пи.ки“, а стигнаа навреди и на сметката на скијачката легенда Јаница Костелиќ (која е државен секретар за спорт), која пред два дена го посети Нион со врвот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС). Во 36. минута тие покажаа транспарент на кој пишуваше: „Во Нион курвите го продаваат својот образ“. По ова следуваше песната „ХНС, педери, фудбалот го сјебавте“.
Како реакција на ова, играчите на Хајдук решија да не го прослават триумфот со своите навивачи.