Фудбалерите на Сампдорија, со пресврт во финишот, забележаа победа над Удинезе 2.1, во 18.коло, во Серија А. За Удинезе од 84.минута играше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Во првиот дел немаше голови, а во 55.минута, Родриго Де Пол од третиот обид ја смести топката во голот на Сампдорија.
Домашниот тим израмни од пенал во 67.минута. Пеналот го реализираше ветеранот Антонио Кандрева.
Пресвртот на Сампдорија го комплетираше Ернесто Торегроса во 81.минута. Торегроса, дебитираше за Сампдорија, тој во клубот пристигна пред неколку дена од Бреша за 5 милиони евра.