Лукас Тореира, конечно, го комплетираше своето заминување од Арсенал, потпишувајќи постојан трансфер во турскиот гигант Галатасарај. Уругваецот последните две сезони ги помина на позајмица во Шпанија и Италија откако за него немаше место во тимот на Микел Артета.
Тореира лани играше за Фиорентина во Серија А, додека во 2020/21 ја освои титулата во Шпанија со Атлетико Мадрид, со 19 настапи. 26-годишниот Тореира пристигна во Арсенал од Сампдорија во 2018 година, по одличните настапи за Уругвај на Светското првенство, но вкупно имаше само 89 настапи за Арсенал и четири гола, освојувајќи ја ФА куп титулта во 2020 и постигнувајќи гол во 4:2 дербито против Тотенхем во ноември 2018 година.