Фернандо Торес е еден од неколкумината фудбалери кои по завршувањето на сезоната ќе го напуштат Атлетико Мадрид. Весникот „Ас“ пренесува дека тој ќе ја продолжи кариерата во Кина, во екипата на Далиан Јифанг.
Торес и минатата сезона, а и во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Кина, каде според шпкулациите ќе заработува годиѓно 15 милиони евра.
Искусниот напаѓач сезонава на 28 натпревари во дресот на Атлетико има постигнато пет гола.
Фернандо Торес во Далиан најверојатно ќе игра со својот соиграч од Атлетико Јаник Фереира Караско, кој исто така кариерата ќе ја продолжи во Кина.