Бразилецот Бремер го постигна единствениот гол на мечот во 77. минута за Торино да стигне до клучна 1:0 гостинска победа над Каљари во дуелот на тимовите кои се на 17. и 18. место на табелата и ги очекува борба за опстанок во Серија А.
Ова беше прва победа на Торино по дури пет меча кои завршија нерешено, и во исто време ги поставува „биковите“ на 5 поени пред Каљари, кои пак имаат пет порази во последните шест меча. Над Торино, Специја веќе има 24 поени, четири повеќе од нив, додека потоа следуваат Каљари со 15, Парма со 13 и Кротоне со 12.
BREMER 1-0 TORINO ! #CagliariTorino pic.twitter.com/Dapok9sEso
— Le Football en VOD XXV (@le_xxv) February 19, 2021