Top Sport

Торино до Шапекоенсе: Обединети со судбината, пријатели засекогаш

По нешто повеќе од една година, италијанскиот прволигаш Торино најави дека ќе ги почести жртвите на авионската несреќа на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе, носејќи посебни зелени дресови овој викенд.

71 луѓе ги загубија животите кога тимскиот авион на Шапе падна во колумбиските планини на 28 ноември 2016, оставајќи само шест преживеани. Торино добро ја знае болката откако во 1949 година, целиот тим на Торино загина заедно со тренерите, менаџерите и новинарите кои се враќаа од пријателскиот меч против Бенфика од Лисабон загина во авионска несреќа.

„Една година по несреќата во Меделјин и ветувањето на претседателот Урбано Каиро до претседателот на Шапе, Де Нес Фиљо, Торино ќе одигра меч со зелени дресови. На мечот Торино-Аталанта, ќе го носиме зелениот дрес на Шапе, а лимитирана едиција од 1.500 дресови ќе биде ставена на продажба, а сите средства ќе одат кај семејствата на жртвите од авионската несреќа“, се вели во соопштението на Торино.

Scroll to Top