Top Sport

Торино со нов тренер – Марко Џампаоло

Калчолигашот Торино вчера го именуваше Марко Џампаоло за нов тренер на екипата. Со него е потпишан договор на две години.

„Претседателот Урбано Каиро му посакува срдечно добредојде на Марко Џампало во неговиот струлен штаб. Му посакуваме добра работа. Напред Торино“ се вели во соопштението на клубот, објавено на официјалниот сајт.

Џампаоло чекаше на официјалниот прекин на договорот со Милан за да може да потпише со новиот клуб.

Тој го презема Милан пред сезоната 2019/2020, но во меѓувреме на таа позиција го замени Стефано Пиоли. Џампаоло без работа е од октомври минатата година.

Scroll to Top