Екипата на Торино се чини направи голем исчекор бегајќи од опасната зона во Серија А со денешната победа против Џенова, на нашиот фудбалски капитен, Горан Пандев.
Торино славеше убедлива домашна победа со 3-0.
Првиот гол беше дело на Бремер во 32 минута.
На 2-0 зголеми Лукиќ на асистенција на Белоти во 74 минута, а истиот играч во 90 минута, со убав погодок стави печат на победата, 3-0.
Пандев во игра влезе во 59 минута. Во 81 минута се пожали на повреда, но кратко потоа се врати во игра.
Торино сега е 15-ти со 37 бода, осум повеќе од Лече кој е во опасната зона која води во Серија Б. Џенова, пак, е на само +1 од таа зона на 5 кола до крајот.