Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој кратко беше и селектор на Македонија Џон Тошак, остро го критикуваше својот сонародник Герет Бејл. Тошак смета дека фудбалерот носи голема вина за она што му се случува од почетокот на преодниот рок.
Герет Бејл тераше инает дека независно од тоа каков ќе му боде статусот ќе остане во Реал. Поради тоа изненадувачки делуваше неговата одлука да се пресели во Кина, во Џијангсу Сунинг, а вистински шок неколку часа подоцна беше информацијата дека Флорентино Перез барал обесштетување и дека трансферот пропаднал.
Кинезите експресно реагираа и го донесоа Иван Сантини. Како сега стојат работите Бејл ќе остане во Реал, ама нема да игра.
Тошак го критикува сонародникот дека парите му се поважни од кариерата.
„Ужисно би било кога би му ја намалиле платата на 160.000 евра неделно. Навистина не знам како може да преживее со тие пари, човекот има жена и две деца. Таен сум, ми се гади од вакви работи“, иронично ја коментирал целата ситуација Тошак и дополнил.
„Ме лути што тој цело време зборува преку својот менаџер. Тажен сум, ми се гади од она во што се претвори фудбалот. Герет дај интервју, изјасни се што сакаш. Шест години си во Реал и не знаеш шпански. Тоа е навреда за луѓето со кои работиш. Секогаш се трудиш да го научиш јазикот на земјата во која играш, тука нема никакво оправдување. Тажно е што нправи тој во Шпанија“.