Top Sport

Тошиќ за бегањето од Кина: Изгледаше како да е крај на светот!

Српскиот фудбалер на кинескиот Гуангжу Р&Ф, Душко Тошиќ признава дека во последен момент избегал од оваа земја пред да се забранат сите летови, оценувајќи ја ситуацијата како пеколна.

„Знаевме за корона вирусот, се обидувавме да бидеме внимателни, но знаевме дека е сериозно кога по тренингот тренерот ни рече да си одиме дома. Тогаш почнаа откажувањата на летовите од Кина, но некако успеав во последен момент да најдам лет за Истанбул. Потоа, полесно стигнав во Белград. Тоа што го видов беше неверојатно. Како да беше крајот на светот. Сепак, не се плашев. Кога играв за Бешикташ тие ме викаа ’тенк’, а тенкот не се плаши“, вели Тошиќ во интервју за турскиот „Фанатик“.

Сега, откако ситуацијата во Кина се стабилизираше, Тошиќ нема начин на кој би се вратил кај својот клуб, бидејќи летовите се уште забранети.

„Оскар, Хулк и Арнаутовиќ не можат да се вратат во Кина исто како мене, бидејќи нема летови. Но, некако морам да успеам бидејќи имаме договор со нашите клубови“, вели Тошиќ.

Scroll to Top