Top Sport

Тосун им донесе победа на Евертон (видео)

Новото засилување на Евертон, Ченк Тосун го постигна својот трети и четврти гол во три натпревари за да им донесе на „карамелите“ победа од 2:1 над Стоук на „Бет 365“ стадионот.

Тосун, кој во јануари дојде во Ливерпул, го отвори резултатот во 69. минута, пред Ерик-Максим Чупо-Мотинг да израмни за домаќините. Тосун само седум минути подоцна донесе нова победа за Евертон, за првпат од декември тимот на Сем Алардајс да сврзе две победи во низа. Евертон остануваат на деветтото место, додека Стоук се претпоследни на седум кола пред крајот.

Кристал палас пак, си ги зголеми шансите за опстанок со импресивна 0:2 победа на гости кај Хадерсфилд, додека Бурнемаут со 2:1 го совлада последнопласираниот тим во лигата, ВБА.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 31. КОЛО

Бурнемаут – Вест Бром 2:1

Хадерсфилд – Кристал палас 0:2

Стоук – Евертон 1:2

Scroll to Top