Тотенхем ја одбиле понудата на Пари Сен-Жермен за позајмица на Деле Али за 3 милиони фунти, јавува британскиот „Дејли мејл“, бидејќи сакаат да го заддржат Англичанецот и покрај тоа што е јасно дека тој падна во немилост на Жозе Мурињо.
24-годишниот Али влезе во игра на полувреме против Макаби Хаифа во четвртокот во баражот за влез во Лига Европа, и постигна гол од пенал при 7:2 победата, но затоа четири пати во последните пет натпревари воопшто не доби шанса.
Се верува дека ПСЖ не барале позајмица со опција за купување, но и дека ќе дадат подобрена понуда во текот на викендот пред крајот на преодниот рок во Европа.