Top Sport

Тотенхем ги прекина разговорите со Фонсека, Гатузо е прв кандидат!

Во драматичен развој на настаните во Англија и Франција, Џенаро Гатузо е во преговори да го преземе Тотенхем, откако им пропаднаа обидите да се договорат со Португалецот Пауло Фонсека.

Иако се веруваше дека поранешниот тренер на Рома, Фонсека ќе биде промовиран како наследник на Жозе Мурињо, преговорите пропаднаа во последен момент поради даночните олеснувања кои Фонсека ги добива во Италија, кои нема да ги има во Велика Британија.

Откако го добија Фабио Паратичи како спортски директор, Тотенхем сега сакаат да донесат уште еден Италијанец во Гатузо, кој денеска си замина од Фиорентина само 23 дена откако се согласи да ја преземе работата. Жорге Мендеш, агентот на Гатузо, веќе преговара со Паратичи за договорот.

Љубовта пукна по само 22 дена – Гатузо си замина од Фиорентина

Scroll to Top