Top Sport

Тотенхем ги претрка Јуве и Јунајтед, ќе го потпишат Ндомбеле

Тотенехем во наредните денови ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд. Нов играч на тимот што го предводи Маурицио Покетино треба да стане Танги Ндомбеле (22). Тотенхем за францускиот репрезентативец ќе платат 65 милиони евра.

Ндомбеле се поврзуваше со Јувентус и Манчестер Јунајтед, но тој самиот решил да ја прифати понудата на европскиот вице-првак. Фудбалерот ги договорил личните услови, Тотенхем се согласиле да ја платата бараната сума за обесштетување, што значи дека во наредните денови трансферот ќе биде официјализиран.

Минатата сезона Ндомбеле настапил на 49 натпревари за Лион на кои забележач три гола и осум асистенции.

Scroll to Top