Top Sport

Тотенхем го купува Ло Селсо од Бетис и го руши клупскиот рекорд?

Тотенхем сезонава може да се пофали со најголемиот успех во клупската историја затоа што влезе во финале на ЛШ, но на 4 дена пред финалниот меч во Мадрид против Ливерпул, „спарси“ размислуваат за засилувања за идната сезона.

Челниците на клубот решија по два преодни рока без засилувања конечно да тргнат со засилувања.
Прва мета е 23-годишниот Аргентинец Џовани Ло Селсо кој оваа сезона од ПСЖ премина во шпански Бетис за 25 милиони евра.

Тотенхем веќе испратил понуда до Бетис во која нуди 55 милиони евра за фудбалерот, но шпанскиот тим го има„врзано“ играчот со откупна клаузула од 88 милиони фунти.

Аргентинецот сезонава во Примера одигра 32 меча за Бетис и притоа постигна 9 гол со 5 асистенции. Во сите натпреварувања неговиот учинок беше 16 гола и 6 асистенции.

Ако Тотенхем успее да го привлече фудбалерот во Лондон, тогаш Ло Селсо ќе стане најскапото засилување на клубот.
Моментно рекордот го држи Колумбиецот Давинсон Санчез кој пред 2 години од Ајакс дојде за 35 милиони фунти.

Scroll to Top