Тотенхем ја одбиле шансата да го донесат Пауло Дибала во Премиерлигата, откако поранешниот фудбалер на Јувентус барал неделна плата од 300.000 евра неделно, но го проодлжуваат „ловот“ на централниот бек на Интер, Алесандро Бастони, откако менаџерот Антонио Конте доби голем буџет за летни засилувања.
28-годишниот Дибала, кој претходно неколку пати одбиваше понуди од клубови од Премиерлигата, сега сигнализирал дека е подготвен за трансфер во Англија, откако Интер му понуија само околу 8 милиони по сезона, но „нераѕурите“ уште чекаат на можноста да го вратат Ромелу Лукаку од Челси.
Тотенхем веќе потпишаа со двајца фудбалери на Јувентус во јануари, Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур, а Конте планира да продолжи со „шопингот“ од Италија, поточно од неговиот поранешен клуб Интер, преку Алесандро Бастони, откако го донесе Иван Перишиќ во слободен трансфер.
Агентот на Бастони, Тулио Тинти, за „Спортиталија“ изјави дека неговиот клиент сака да остане во Интер, но дека ќе биде „професионалец“ кога се работи за понудите. 23-годишниот Бастони пристигна во Интер од Аталанта во 2017, но две сезони беше позајмен пред во 2019 да добие шанса токму под Конте.