Top Sport

Тотенхем го сакаат Винсен Компани!

Тотенхем се решиле да го постасват Винсен Компани, тренерот на второлигашот Барнли, како замена за Антонио Конте, тврдат повеќе британски медиуми.

37-годишниот Белгиец, кој е поранешен долгогодишен капитен на Манчестер сити, се врати во англискиот фудбал оваа сезона, обезбедувајќи пласман во Премиерлигата со Барнли во доминантна сезона, во која добива пофалби за својот стил на игра. Според англиските медиуми, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви смета дека Компани е совршен тренер за градење на нов подмладен тим во стилот на Микел Артета во лутите ривали, Арсенал.

Според „Сан“, самиот Компани е заинтересиран за проектот и би можел да се договори за преземање по крајот на сезоната.

Scroll to Top