Top Sport

Тотенхем и Ајакс се договориле за трансферот на Бергвајн

Тотенхем по две и пол сезони решиле да го продадат Стивен Бергвајн на Ајакс, губејќи околу 2 милиони фунти од првичната инвестиција. Бергвајн дојде во Тотенхем во 2020 за 27 милиони фунти, а сега ќе биде продаден за 30 милиони евра (околу 25 милиони фунти).

24-годишниот Бергвајн имаше 83 настапи и само 8 гола и 10 асистенции за Тотенхем, со што не ги оправда очекувањата на лондонскиот клуб, каде што пристигна од лутите ривали на Ајакс, ПСВ Ајндховен.

За Ајакс, под водството на новиот тренер Алфред Шројдер ова е големо засилување, прво во летниот преоден рок во кој повеќе се зборува за заминување од „копјаниците“, со Лисандро Мартинез, Антони и Џуриен Тимбер како најинтересни фудбалери. Од клубот веќе замина Рајан Гравенберх, кој потпиша за Баерн Минхен.

Scroll to Top