Top Sport

Тотенхем и Барса следат играч на Лестер

Тотенхем и Барселона покажале интерес за десниот бек на Лестер, Рикардо Переира. Англиските медиуми тврдат дека менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо веќе испратил понуда за сонародникот.

Тотенхем имаат проблем на позицијата на која настапува Переира. Бен Дејвис е повреден, а Мурињо не е воодушевен од Серж Орие. Тотенхем за Переира понудиле 35 милиони евра.

За Португалецот наводно се интересирале и од Барселона, иако на таа позиција ги има Нелсон Семедо и Серхи Роберто.

Проблем за двата тима може да биде сумата што ја поставиле од Лестер. „Лисиците“ својот десен бек немаат намера до продадат за помалку од 45 милиони евра.

Scroll to Top