Top Sport

Тотенхем им го „украдоа“ Данџума на Евертон

Тотенхем ја комплетираа позајмицата на Арнаут Данџума од Вилјареал, откако успеаја да им го „украдат“ договореното засилување на премиерлигашките ривали Евертон.

25-годишниот напаѓач се приклучува на тимот на Антонио Конте со опција за купување во летниот преоден рок, откако Евертон претходно мислеа дека имаат договор за Холанѓанецт.

Данџума во саботата го комплетираше лекарскиот тест со Евертон, по што се сметаше дека договорот е постигнаат, пред Тотенхем да го убедат да се пресели во Лондон. Ова е уште еден удар за Евертон, кои покрај тоа што се на дното на Премиерлигата, го отпуштија и менаџерот Френк Лампард.

Scroll to Top