На 3 април 2019 година Тотенхем го одигра првиот натпревар на новиот стадион за чија изградба клубот потроши 1,15 милијарди евра. Само од една причина стадионот има едноставно име „Тотенхем Хотспур“. Претседателот на клубот Даниел Леви се уште не нашол спонзор на кого ќе му го продаде прават за користење на името.
Англиските медиуми пишуваат дека наскоро Тотенхем ќе го отстапи на користење името на стадионот за рекордна сума на пари.
Наводно Леви ги финиширал преговорите со „Амазон“. Договорот би важел десет години, а Тотенхем би заработил 250 милиони фунти.
На овој стадион можат да се играат натпревари во НХЛ (американски фудбал), а исто така на него се одржуваат и концерти.
„Амазон“ и Тотенхем имаат добра соработка, оваа компанија снима документарен филм за тековната сезона .