Фудбалерот на Тотенхем Јафет Танганга успеа „преку ноќ“ да стане стандарден лев бек на тимот од северен Лондон.
Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо смета дека Танганга е иднината на клубот. Клупските челници го прифатиле да потпишат нов договор со младиот играч. Она што е интересено е дека платата на Танганга ќе биде зголемена за 1.500 отсто.
Левиот бек заработувал 1.000 фунти неделно, според новиот договор неговата неделна плата ќе изнесува 15.000 фунти, која во зависност од тоа како ќе ги исполни бонусите може да расте и до 20.000 фунти неделно.
Танганга е продукт на младинската школа на Тотенхем. За првиот тим дебитираше на мечот со Ливерпул, а си ја задржа позицијата и во наредните три натпревари.