Top Sport

Тотенхем не можат да победат, Челзи го победија Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем не успеаја да го победат Вотфорд во деветтото коло, во Премиер лигата. Играчите на Маурицио Покетино кои на претходните два меча (Баерн и Брајтон) примија десет гола освои бод благодарение на голманот на Вотфорд, Бен Фостер.

Тотенхем од пораз се спасија во 86 минута. Алдерверелд нафрли ред голот на Вотфорд, Фостер ја фати и веднаш ја испушти топката, а Деле Али постигна гол.

Претходно Вотфорд постигнаа гол во шестата минута преку Дукуре.

Минимална победа забележаа фудбалерите на Челси против Њукасл. Единствениот гол на „Стенфорд Бриџ“ го постигна Маркос Алонсо во 73 минута.

По некомплетното коло Челси се трети на табелата со 17 бода колку што имаат и фудбалерите на Лестер.

„Лисиците“ со пресврт на домашен терен го совладаа Барнли. Варди и Тилеманс ги постигнаа головите за Лестер во првото полувреме, откако Барнли во првото полувреме поведоа со голот на Мекнил.

Исто како и Лестер, победа со пресврт забележаа играчите на Астон Вила. Вебстер го постигна голот за Брајтон на „Вила парк“. Потоа израмни Гирлиш во втората минута од судиското време во првиот дел, а за победа погоди Таргет во 94 минута.

Без победник завршија дуелите Вулверхемптон-Саутемптон (1:1) и Борнмут-Норич.

Scroll to Top