Тотенхем не се откажуваат од убедувањето на Брендан Роџерс да го напушти Лестер и да ја прифати работата во северен Лондон и покрај јавната изјава на тренерот од Северна Ирска дека е задоволен кај „лисиците“.
Според „Дејли мејл“, откако Баерн Минхен скапо го платија Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг, Роџерс станал прва мета на Даниел Леви и Тотенхем, додека само како втора опција е тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.
Тотенхем се свесни дека обидот да го убедат Роџерс да го напушти „Кинг Пауер“ ќе биде многу скап, бидејќи тој има четири години од договорот со Лестер, додека Тен Хаг има преостанато само една година од договорот со Ајакс и ќе биде многу поефтин.