Top Sport

Тотенхем: Нема докази за расистички извици кон Ридигер

Тотенхем објавија дека во соработка со Метрополитан полицијата на Лондон ја завршиле истрагата за наводните расистички извици кон фудбалерот на Челси, Антонио Ридигер, додавајќи дека нема доказ за овие обвинувања.

Централниот бек на „сините“ тврдеше дека слушнал мајмунски извици при победата на гости кај Тотенхем на 22 декември, предизвикувајќи прекин на играта. Тотенхем велат дека иако целосно го поддржуваат германскиот фудбалер во неговото однесување, полициската истрага покажала дека нема докази по прегледувањето на снимките од мечот.

Ридигер се пожали на својот капитен Цезар Азпиликуета дека бил навредуван откако беше вклучен во дуел со Сон Хеунг-Мин, кој доби црвен картон. Организацијата на навивачи на Тотенхем пред неколку дена побара клубот да ја разјасни ситуацијата со „казнување на престапниците или со чистење на репутацијата на навивачите на Тотенхем“.

Ридигер: Не се виновни Тотенхем, се работи за неколку идиоти

Scroll to Top