Тотенхем ќе одбијат било која понуда од Манчестер јунајтед за Хери Кејн ова лето, уништувајќи ги надежите на „ѓаволите“ за потребното засилување во нападот, тврдат британските медиуми.
Лондонскиот клуб е подготвен да го задржи 29-годишниот Кејн до крајот на неговиот договор следната сезона, а доколку се „приморани“ да го продадат, тоа сигурно нема да биде на ривал од Премиерлигата. Шпекулациите за трансфер во Манчестер јунајтед траат подолго време, и претходно беше објавено дека „ѓаволите“ сакаат бргу да го склучат договорот за да не влегуваат во наддавање за него, по интересот на Баерн Минхен.
По крајот на сезоната, самиот Кејн најави дека ќе остане уште една година во клубот велејќи дека по паузата мора да одлучат како „да се подобрат“ во иднина. Кејн постигна 30 гола за Тотенхем во Премиерлигата оваа сезона, и само Ерлинг Халанд со 36 беше пред него.