Top Sport

Тотенхем по 29 години ќе го помине Арсенал на рејтинг-листата на УЕФА

Како уште еден показател како распоредот на силите во северен Лондон се смени доаѓа последната рејтинг-листа на УЕФА, на која Тотенхем, првпат по пауза од 29 години ќе бидат пред лутите ривали Арсенал.

„Топчиите“ лани не успеаја да се пласираат во Европа откако ја имаа најлошата сезона во 21. век, додека Тотенхем беа седми, но тоа беше доволно да влезат во новата Конференциска лига на УЕФА. Иако групата со францускиот Рен, холандскиот Витесе и словенечка Мура не е најдобар пример за европска елита, Тотенхем може да се пофали со скокот на рејтингот.

Рејтингот на УЕФА се одредува според резултатите во последните пет години, а пред новата европска сезона Арсенал се на 12. место, а Тотенхем на 13. место. Бидејќи ќе добијат бонус поени – 2 поени за победа и 1 за реми, Спарси на крајот на сезоната ќе бидат пред „топчиите“.

Последен пат Тотенхем беа пред Арсенал во 1991/92.

Scroll to Top