Top Sport

Тотенхем пред договор со Лукас Васкез

Тотенхем се блиску до договор за трансфер на Лукас Васкез од Реал Мадрид, откако недостатокот на доверба на Зинедин Зидан може да го натера Шпанецот да побара нов клуб.

Васкез има само 14 настапи во Ла лига оваа сезона поради слабата физичка форма и уште нема заиграно по рестартот на лигата поради повреда. Жозе Мурињо добро го познава 28-годишниот Васкез со кого работеше во Реал од 2010 до 2013, а тој беше резервист и Тотенхем може да го добие релативно ефтино бидејќи неговиот договор завршува следната година, тврди „Мундо депортиво“.

Тотенхем нудат околу 17 милиони евра, додека Мадрид сметаат дека фудбалерот од нивната академија вреди околу 25 милиони евра, но може да дојде до договор бидејќи Васкез одбил да го продолжи договорот. Васкез играше како позајмен фудбалер во Еспањол во 2014/15, но потоа стана редовен првотимец во клубот кој освои три титули од ЛШ од 2016 до 2019. Тој има вкупно 201 настапи и 24 гола за „кралевите“ и 9 настапи за шпанската репрезентација.

Scroll to Top