Top Sport

Тотенхем, сепак, немаат „едноставна“ опција да го вратат Хери Кејн

И покрај тоа што претседателот на Тотенхем, Даниел Леви инсистираше дека неговиот клуб има опција да го врати Хери Кејн во иднина со клаузула за откуп на договорот, според англиските медиуми ова не би било воопшто едноставно.

Леви изјави дека Тотенхем само треба да достигнат одредена цена за да го вратат Кејн, кој ова лето замина во Баерн Минхен, според „Дејли мејл“ ситуацијата не е толку едноставна. Тотенхем само ја имаат предноста да го купат Кејн доколку тој реши да се врати во Премиерлигата, но треба за тоа да има волја во германскиот клуб, како и, секако, желба на напаѓачот.

По интересот на Баерн и Манчестер јунјтед во текот на летото, Тотенхем се обидоа да го убедат Кејн да потпише нов договор, но 30-годишниот напаѓач призна дека сака да се натпреварува во Лигата на шампиони, за која лондонскиот клуб не успеа да се квалификува.

Scroll to Top