Top Sport

Тотенхем сигурни дека Ериксен ќе го одбие Реал

Полуфиналистите од Лигата на шампионите, Тотенхем се сигурни дека ќе го убедат Кристијан Ериксен да потпише нов договор со клубот и дека ќе ги одбие Реал Мадрид, тврди порталот „Гол“.

Фудбалерот од средниот ред, чиј договор завршува следното лето, продолжува со преговорите за нов договор веќе цела година, а Спарси се подготвени да ја удвојат неговата сегашна плата од 75.000 фунти неделно. Со ова покачување,  Данецот ќе добива иста плата како Деле Али, кој потпиша нов шестгодишен договор со клубот во октомври.

И покрај тоа што 27-годишниот Ериксен и Тотенхем се во историско полуфинале од ЛШ, влезот во натпреварувањето не е сигурно и за следната година, откако клубот е во борба со Арсенал, Манчестер јунајтед и Челси за топ 4 пласман.

Scroll to Top